Отворање на фарма на површина од 40 хектари, како и двојно зголемување на бројот на работните места и на капацитетите за производство од 180 на 400 тони. Ова се плановите на млекарницата „Суташ“ кои во средата му беа претставени на премиерот Никола Груевски, кој ја посета компанијата во скопски Илинден. Груевски бил информиран дека „Суташ“ досега инвестирал 13 милиони евра, вработил 80 лица, а планот е оваа бројка во наредниот период да се искачи на 150 луѓе. Млекарницата сега откупа млеко од 500 фармери. Се’ уште е на почетокот на своето производство. Освен во Македонија веќе продава и во Албанија и во Косово, а планира и во целиот регион и во цела Европа, изјави премиерот по средбата со раководството на „Суташ“, рече Груевски. Тој истакна дека владата направила максимални напори за изнаоѓање на инвеститор кој ќе им помогне на фармерите кои соработуваа со поранешна Сведмилк.
Отворање на фарма на површина од 40 хектари, како и двојно зголемување на бројот на работните места и на капацитетите за производство од 180 на 400 тони.
Ова се плановите на млекарницата „Суташ“ кои во средата му беа претставени на премиерот Никола Груевски, кој ја посета компанијата во скопски Илинден.
Груевски бил информиран дека „Суташ“ досега инвестирал 13 милиони евра, вработил 80 лица, а планот е оваа бројка во наредниот период да се искачи на 150 луѓе. Млекарницата сега откупа млеко од 500 фармери.
„Се’ уште е на почетокот на своето производство. Освен во Македонија веќе продава и во Албанија и во Косово, а планира и во целиот регион и во цела Европа,“ изјави премиерот по средбата со раководството на „Суташ“, рече Груевски.
Тој истакна дека владата направила максимални напори за изнаоѓање на инвеститор кој ќе им помогне на фармерите кои соработуваа со поранешна Сведмилк.
Дел од плановите на „Суташ“ е и изградба на фарма на 40 хектар на која планираат да произведуваат околу 10 отсто од млекото кое им е потребно за производство. Се планира и тренинг центар каде фармерите ќе се обучуваат за современо и поквалитетно производство на млеко, но и одгледување на јуници кои потоа би им биле давани на фармерите.
Груевски истакнува дека млекарницата има изгледи да стане една од најуспешните бизниси во Македонија и најави поддршка за сите кои сакаат да ги прошират капацитетите и да отворат нови работни места.
„Ние сме имаме декларирано како Влада која што е пријателски насочена кон бизнисот, им помага на сите кои сакаат да извршат проширувања, им помага на сите кои што сакаат да отворат нови работни места, а ова е фабрика која што отвора нови работни места, не само овде, туку и кај сите нивни соработници. Така што ние стоиме на располагање“, рече Груевски.